Меѓународниот олимписки комитет и Европската фудбалска куќа се спремни за радикални мерки во случај на компликации со корона вирус кој го тероризира светот. Вистински шок може да има за спортските фанови ова лето, односно одложување на Европското фудбалско првенство (12 јуни – 12 јули) и Олимпијадата во Токио (24 јули – 9 август).

УЕФА и МОК не ја исклучуваат можноста двата големи спортски настани да бидат одложени ако корона-вирусот почне неконтролирано да се шири.

Членот на МОК Ричард Паунд беше одлучен и рече дека одложувањето е можно.

„Треба да се мисли на се, сместување, храна, сигурност… Ќе ја следиме внимателно ситуацијата и во мај ќе донесеме решение. Ако не можеме да дадеме гаранции за сигурност, ќе треба да ги откажеме Игрите“, изјави Паунд.

Според некои здравствени експерти корона-вирусот нема да го преживее летото и дека во тој период ќе го го загуби разорувачкиот ефект. Дај Боже да се во право…