Алекса Амановиќ е нов играч на Казахстанскиот Тобол. Македонскиот интернационалец кој досега настапуваше за тимот на Јавор Ивањица, станува дел од една од најквалитетните казахстански екипи каде што во минатото настапуваа и нашите Никола Тонев односно Ванче Шиков.

Амановиќ со ова прави огромен чекор напред во својата кариера, откако забележа преку сто настапи во најсилната српска фудбалска лига.

„Секако дека сум презадоволен од тоа што го направив трансферот на соништата. Дочекав да заминам надвор од Србија каде што ја минав целата моја досегашна кариера, и мислам дека го правам вистинскиот потег“ – вели македонскиот интернационалец кој сега нормално е да се надева и на повик во А репрезентацијата со оглед на фактот што беше стандарден во младинските репрезентации.

Со оглед на фактот што Тобол минатата година беше дел од Лугата на Европа, и остави добар впечаток се надеваме дека Амановиќ ќе добие голема минутажа и дека ќе конкурира за нашиот најсилен состав.