Дефанзивецот на Јувентус Леонардо Бонучи призна дека нешто не било во ред со настапот на неговиот тим во дуелот со Лион вечерва во рамките на Лигата на шампионите. Поразот од 1:0 значи дека „Старата дама“ ќе има уште потешка задача во реваншот на свој терен. „Бјанконерите“ шутнаа само еднаш на голот на противникот, а кога го направија тоа Дибала беше во офсајд.

Во првото полувреме се беше погрешно. Доцневме на секоја топка. На некои натпревари плаќаш и за ситни грешки. Бевме премногу опуштени, не бевме агресивни и очигледно беше дека не бевме ни ментално силни. Мораше да се разбудиме порано“, изјави Бонучи.

Уште кога го видов стартниот тим почувствував дека нешто не е во ред. Атмосферата не беше онаа победничка. Некои играчи не беа вклучени во играта. Токму таквите работи ја прават разликата. Тоа Лион го искористи и погоди, а на крајот победи“, вели дефанзивецот.