Капитенот на Ливерпул Виргил ван Дајк ја откри тајната на успехот на „црвените“ оваа сезона во Премиер лигата. Според него тимот не ја губи самодовербата и фудбалерите го задржуваат спокојството дури и во моменти кога работите не одат по план.

Која е тајната? Цврсти нерви… Тоа е основното. За нас беше голем удар што дозволивме Вест Хем да ни даде гол по прекин, но покажавме карактер, сила и што е најважно спокој во моменти кога имавме негатива. Знаевме дека ќе дојде момент кога противникот ќе има проблем ако постојано го притискаме. Тоа и се случи“, изјави Ван Дајк.

Ливерпул во понеделникот губеше од Вест Хем со 1:2, но во финишот на мечот даде два гола и победи со 3:2.