Наполи и Барселона синоќа го одиграа првиот натпревар од осминафинале во Лигата на шампионите на „Сан Паоло“, кој заврши 1: 1.

Наполи одигра одличен натпревар, Гатузо тактички го надмудри својот колега Сетиен, а момент на невнимание во одбраната и инспирација од Серхио Бускетс, беше причината за нерешен резултат на крајот. Колку беше слаба Барса, најдобаро зборува фактот дека Каталонците немаа ниту еден удар во рамки на голот на Оспина во првите 45 минути.

„Тие едвај шутираа кон нашиот гол. Можеа да играат цела ноќ, а не да постигнат гол. Сепак, примивме голот поради сопствени грешка. Ќе играме до крај, имаме добри играчи и ќе дадеме сè од себе. Имаме добри шанси. Тажен сум затоа што знам дека можеме повеќе. Казнети сме за грешките, но тимската работа беше одлична. Имаа проблеми затоа што игравме одлично“, задоволно заклучи Гатузо.