Ливерпул влезе во преговори со напаѓачот Тимо Вернер од РБ Лајпциг. Според информациите од Англија, лидерот во Премиер лигата му предложил на 23-годишниот германски репрезентативец договор до 2025 година и плата од 8 милиони евра на годишно ниво плус бонуси.

Претходно беше објавено дека „црвените“ се спремни да платат 58 милиони евра компензација за играчот и да го заклучат трансферот пред април. Оваа сезона Вернер даде 21 гол и запиша седум асистенции на 23 натпревари.