Манчестер Сити го победи Реал Мадрид и тоа на „Сантијаго Бернабеу“, а на другиот осминафинален меч во ЛШ победа славеше Лион над Јувентус. „Лавовите“ влегоа како аутсајдери, но покажаа карактер на мечот со еден од конкурентите за трофејот во елитното клупско натпреварување. Во првото полувреме гостите од Торино го имаа поседот на топката, но шансите ги создаваа играчите на Лион. Едната беше претворена во гол. Во 31 минута Лукас Тусар погоди откако претходно акцијата ја одработи Оар.

Интересно, најдобрата шанса Јувентус ја имаше во 69 минута кога Дибала шутна покрај десната статива. А во 85 минута и Игуаин се најде во можност но шутна покрај голот.