Англискиот премиерлигаш Вотфорд летово добива засилување – Луис Суарез.

Секако, не станува збор за ѕвездата на Барселона , туку за 22-годишниот колумбиски напаѓач на Сарагоса, кој има исто име.

Каталонскиот гигант во него гледаше потенцијална замена за повредениот Осман Дембеле, но откако пропадна трансферот на Камп Ноу, челниците на Ватфорд се задоволни од она што тој го покажува оваа сезона и решија да го вратат во своите редови од следното лето.

Суарез беше член на Вотфрод во 2017 година, кога играше за резервниот тим, а потоа замина на позајмица во Ваљадолид, Гимнастик и Сарагоса.