И вториот ден на 57. издание на Мавровскиот меморијал во нордиско скијање заврши со триумф на Романецот Петрица Хоџиу и на Хрватката Ведрана Малец. Двоецот и вчера победи на трките на 10 километри (мажи) и 5 километри (жени), а најдобри беа и денеска.

Кај мажите Хоџиу се искачи на првото место со време 23:23 секунди, втор со 28 секунди задоцнување заврши Босанецот Ерик Страхиња, а трет Турчинот Омер Ајџичек.

Најдобриот македонски нордиец Ставре Јада вчера беше четврти, а денеска осми.

Кај жените прва рековме Малец, втора Ајсенур Думан од Турција, а трета Сања Кушмук од БиХ.