Се чини дека сега е готово. Владан Милојевиќ утре ќе биде промовиран во нов тренер на Ал-Ахли, тим од Џеда (Саудиска Арабија). Тренерот кој во изминатите три сезони со Ц. Звезда двапати играше во групната фаза во Лигата на Шампионите, а во Србија беше неприкосновен, е пред официјален потпис со еден од најголемите клубови во С. Арабија.

Милојевиќ на маса има договор на 18 месеци, вредноста е 2,5 милиони долари годишно, што за балкански услови е фантастична сума. 

Како што пренесуваат медиумите во С. Арабија и Србија, договорени се сите детали, останува само потписот и официјалната промоција. Пред еден месец за Ал-Ахли потпиша и Марко Марин, клучниот играч на Ц. Звезда во периодот додека Милојевиќ беше на клупата на белградските „црвено – бели“.