Легендата на Баерн Минхен, Томас Милер во интервју за „Атлетик“ упати критики на сметка на Карло Анчелоти, како никој досега.

Периодот од 15-месеци кој Анчелоти го мина како тренер на Баерн, Германецот го именуваше како „Див Запад“ изразувајќи големо незадоволство од неговите тренерски методи. Неговата смена беше предизвикана и од бојкотот на најголемите ѕвезди во клубот.

„Во годината по заминувањето на Гвардиола, немавме никаков успех. Како да бевме на Дивиот Запад. Сè за што се боревме и сè што научивме во претходните години како да исчезна. Имав чувство дека сè може да се случи“, прокоментира Милер.

За разлика од Гвардиола, Анчелоти не му веруваше на Милер и тој не играше значајна улога во тимот како што беше случај со шпанскиот стручњак, па можеби тука лежи причината за критиките на сметка на Италијанецот.