Денеска е 26. февруари, значи има уште точно месец дека пред историскиот дуел со Косово. Меч за кој владее неверојатна заинтересираност, меч кој сите ние знаеме што носи. А носи 90. минути до историски пласман на ЕВРО 2020.

Кога сме кај нашата репрезентација селекторот Игор Ангеловски, барем засега може да здивне. Сите се здрави, прави. 

Горан Пандев (Џенова) и Елиф Елмас (Наполи), нашите најважни репрезентативци се во добра форма, до 26 март веројатно ќе бидат во уште подобра.

Проблематична е малата минутажа за Илија Несторовски (Удинезе) и за Кире Ристевски (Ујпешт). Интересно е тоа што од повреди се вратија Аријан Адеми (Динамо Загреб), Енис Барди (Леванте) и Бобан Николов (МОЛ Фехервар), сите во линијата за врска.

Исто проблематично е што Влатко Стојановски (Ним) во последно време нема никаква минутажа. Од друга страна пак радува формата на нашите стопери Дарко Велковски (Ријека) и Висар Муслиу (МОЛ Фехервар), додека нема посебни информации за Егзон Бејтулаи (Хелсинборг).

Стефан Ристовски (Спортинг), заменикот капитен на селекцијата на Македонија е во налет, тој игра стандардно добро за својот тим. Езџјан Алиоски (Лидс) исто е стандардно добар, како и Стефан Спировски (Хапоел Тел Авив). Да не говориме за Иван Тричковски (АЕК Ларнака), кој се изнадава голови во последно време. 

Останува, тука мислиме на оние наши клучни играчи, само проблем да биде, и тоа голем, Александар Трајковски (Мајорка). Офанзивецот кој е еден од нашите најдобри стрелци во историјата веќе неколку месеци нема одиграно првенствен натпревар за својот во Ла Лига.