Жалосно, но вистинито. На  COACHWORLDRANKING листата, Македонија нема свој  претставник меѓу 500 најдобри тренери во светот. Тука во конкуренција не се селекторите, туку само тренерите кои водат клубови.

Најдобар на оваа листа, од нашите е Чеде Јаневски кој сега се наоѓа на 526-то место во светот, сепак треба да се каже дека тој во изминатите неколку месеци ја загуби добрата позиција која го „држеше“ до 300-то место.

Од македонските тренери на оваа листа, на кој се споменуваат првите 1.000 во светот, е и Славчо Војнески, екс стратегот на Серед. Тој е пак на 886-тото место. Но него ќе го снема на наредните рангирања со оглед на тоа дека сега  е без клуб.

Инаку веќе неколку месеци на оваа листа го нема Ќатип Османи кој долго време важеше за наш најдобар стратег и најдобро пласиран на оваа листа.

На прво место на оваа листа е Јирген Клуп, втор е Гаљардо, па Валверде, Сари, Гвардиола…