Полека, но сигурно никнува новата трибина на стадионот на Чаир. Изградбата на новата трибина е дел од проектот „хет-трик“ на УЕФА, се разбира во соработка со Фудбалската Федерација на Македонија и Општина Чаир.

Работите се во тек, се очекува да завршат во предвидениот рок. Денеска во посета на стадионот беше и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој се интересираше до каде се работите и дали е се во ред, и одблиску, во друштво на претседателот на Шкупи Омер Буњаку, набљудуваше како течат тие.