По паузата поради репрезентативните обврски, поточно првиот квалификациски прозорец за место на ЕП 2021 година, викендов продолжуваат натпреварите од Првата кошаркарска лига кај нас.

Во центарот на вниманието е вечното дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички. Бранителот на титулата е на првото место на табелата со бод повеќе од тимот од „Градски парк“ кој има 26 бода.

Втората пресметка се игра во СЦ „Јане Сандански“ на први март со почеток во 17:30 часот, ова ќе биде меч од 16 коло.

Билетите веќе се пуштени во продажба по цена од 100 денари.