Војдан Стојановски во продолжение од сезоната ќе биде под водство на Серж Кревекер. Промената на тренерската позиција доаѓа откако Гравелин Данкерк не ги даде посакуваните резултати во битката за опстанок во Првата француска лига.

48-годишниот тренер доаѓа на местото на Ерик Бартечеки, кој си поднесе оставка.

Промените на клупата на францускиот тим нема да се одразат врз минутажата на капитенот на македонската репрезентација, кој е најдобар поединец во редовите на Гравелин.