Манчестер Сити има тим кој вреди 1,26 милијарда евра, Пеп Гвардиола го собра најскапиот тим во светот.

Иако на табелата му бега, Ливерпул е поевтин, вреди 1,19 милијарда евра.

Слично е во Шпанија: Реал на табелата е зад Барселона, но според „Трансфермаркет“ вреди повеќе од 1,08 милијарда евра спроти оние 1,07 милијарда евра на Барселона. Оваа четворка на најскапи тимови ја комплетира ПСЖ со сума од 1,02.

Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе се сретнат во рамките на првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, ова е најскапиот меч досега. Во Лигата на шампионите се немаат сретнато тимови кои вкупно вредат 2,37 милијарда евра.

„Пеп е најдобар тренер во светот и ова не е пресметка меѓу Зидан и Гвардиола, туку меѓу Реал и Сити“, изјави Зидан.

И на двата тима не им оди најдобро во првенството, заедно имаат осум порази, зад францускиот стратег има цврста статистика: како тренер на Реал нема пораз во нокаут фазата во ЛШ. Против Сити ќе мора без Еден Азар и Марко Асенио.

Сити најверојатно ќе биде без Стерлинг, кого Пеп ќе го чека до последниот момент. Фановите се загрижени поради одбраната, Сити на последните девет натпревари само двапати немаат промени гол.

Реал, пак во во последните девет години само еднаш нема постигнато гол дома, и тоа кога веќе имал осигурано пласман. Ви последните 11 натпревари пред своите фанови постигнувале по 2,5 погодоци по меч.