Бранителот на титулата, Џио Струмица и Лирија се веќе сигурни патници во полуфиналето од Купот на ОФМ во машка конкуренција, додека ЖОК Вардар и Струмица се двата тима кај дамите кои исто така имаат статус на полуфиналисти.

Џио требаше да одигра двојна програма со Дибра Волеј минатата недела во четвртфиналната фаза, но противникот дојде некомплетен па струмичани службено се најдоа во полуфиналето. Лирија, пак, запиша и втора максимална победа во локалниот дуел со Шкендија.

Попладнево играат Универзитет во Тетово со УГД Штип, кој треба да го дадат третиот полуфиналист, додека Вардар и Пробиштип ќе се соочат на 4. март.

Кај дамите, вардарки беа првите кои го осигураа полуфиналето откако во неделата славеа над Виктори Волеј, а синоќа им се приклучија и одбојкарките на Струмица, кои пред својата публика со 3:1 го елиминираа УГД Студент.

Попладнево играат актуелниот Куп освојувач Работнички со Пелистер Волеј, меч кој би требало да претставува само формалност и да го промовира скопскиот клуб во полуфиналист.

Најголема неизвесност треба да донесе пресметката меѓу Наковски Волеј и Јанта Волеј Форца. Струмичките одбојкарки лани играа во финалето и доколку сакаат одново да се најдат меѓу најдобрите четири треба да ги неутрализираа оние 3:0 од првиот дуел. На Јанта В.Ф. му е доволен и само еден сет за место во полуфиналето.

КУП НА ОФМ

МАЖИ, ЧЕТВРТФИНАЛЕ, РЕВАНШ

Универзитет во Тетово – Штип УГД Штип (денеска, 18.00)
Лирија* – Шкендија 3:0 (25:14, 25:13, 25:13)
Вардар – Весна Пробиштип (4.март)
Џио Струмица* – Дибра волеј (службено 3:0)

ЖЕНИ, ЧЕТВРТФИНАЛЕ, РЕВАНШ

Работнички Скопје – Пелистер волеј (денеска, 15.00)
Наковски волеј – Јанта волеј Форца (денеска, 18.00)
Струмица жени* – УГД Студент жени 3:1 (25:10, 25:12, 15:25, 25:17)
Вардар жени* – Виктори волеј 3:0 (25:11, 25:10, 25:17)