Френк Лампард е разочаран од Кепа Аризабалага, кој не покажа зошто е најскапиот голман во светот по пристигнувањето на „Стемфорд Бриџ“, а Челзи сака по секоја цена во новата сезона да влезе со нов чувар на мрежата.

Нивната желба е голманот на Атлетико Мадрид, Словенецот Јан Облак.

Дека се крајно сериозни во намерата да го донесат во своите редови говори и богатата понуда – Кепа во замена за Облак, како и 30 милиони евра.

Шпанските медиуми пишуваат дека сега се чека одговор од мадридскиот тим, кој ја разгледува понудата.