Марија Шарапова одлучи да се повлече од тенисот на 32 години. Русинката која беше и најдобар светски рекет и освои пет Грен-слем титули поради бројните повреди со кои се здоби во текот на својата кариера реши да се „пензионира“.

„Како да го оставиш единствениот начин на живот кој го знаеш. Како ќе се оддалечам од терените на кои уште од мало девојче тренирав, од играта која ми донесе бројни солзи и радости, спортот во кој го пронајдов семејството, заедно со фановите кои 28 години беа со мене?

Нова сум во сето ова, затоа простете ми. На тенисот му кажува збогум“, пиша за Вог, Марија Шарапова, која додаде:

„Го дадов животот за тенисот, кој пак мене ми даде живот. Ќе ми недостига секој ден“.

Првата грен-слем титулата ја освои во 2004 година на Вимблдон, во 2006 година го освои УС Опен. Две години подоцна го подигна пехарот на Австралија Опен, во 2012 славеше во Париз, додека последната грен-слем титула ја освои исто на Ролан Гарос во 2014 година.