На само еден месец до полуфиналниот меч од баражите во Лигата на нации за место на ЕП, кој селекцијата на Косово го игра со Македонија во Скопје, од Приштина дојде вест дека претседателот на Фудбалската асоцијација на Косово, Агим Адеми е осуден на девет месеци затвор.

Агеми имаше судска одлука од 2012 година за присилување на деловен партнер да плати на неименуван општински службеник 30.000 евра или да го даде автомобилот „BMX X5“ во замена за фалсификувани документи.

Според приштинските медиуми, Апелациониот суд во Приштина ја потврди казната што му беше изречена на Адеми од локалниот суд минатото лето.

Неговиот пријател Муарем Рама е исто така осуден, но на една година затвор.

Агил Адеми стана претседател на Фудбалската федерација на Косово во јули 2018 година, по смртта на Фадил Вокер. Тој претходно беше заменик претседател од 2000 година.