МЗТ Скопје не успеа да стави крај на серијата од четири порази во низа во АБА 2-лига. Актуелниот македонски првак на домашен терен беше совладан со 82-84 од аутсајдерот Динамик на две кола до крајот на регуларниот дел.

Ѓорѓи Кочов смета дека настапот на голем дел од играчите за репрезентацијата и скоковите се главната прична за поразот.

„Репрезентативната пауза сепак се одрази врз играта на нашиот тим. Во нападот имавме доста проблеми, но клучни за поразот беа оние 11 скока помалку од противникот, кој пак, имапе 11 скокови во нападот“, рече Кочов.

МЗТ Скопје ќе мора да победи во следното коло доколку сака да го осигура второто место на табелата пред почетокот на плеј-офот.