Конечно убава вест за сите во Ренова. По неколкуте детални лекарски прегледи, повеќето лекарски мислења, констатирано е дека нема кинење на лигаментите на коленото на Ремзифаик Селмани, туку само истегнување. Па така најдобриот фудбалер на „гипсарите“ нема да се подвргне на операција како што се шпекулираше пред две – три недели. Уште повеќе, Селмани веќе тренира, засега тоа се индивидувални тренинзи, но од другата недела ќе им се приклучи на останатите свои соиграчи. Тоа значи дека одличниот напаѓач, поранешниот младински репрезентативец на Македонија ќе ги пропушти дуелите во недела со Шкупи, и во среда во купот со Струга ТЛ, но затоа ќе биде во комбинација за мечот со Вардар кое се игра наредниот викенд. 

Да потсетиме дека во меѓувреме Ренова се засили со Шефит Шефити, кој веќе дебитираше на мечот со Струга Трим Лум. Па така со Селмани, Шефити, Миовски, стратегот Бујар Ислами ќе има добар напад.