Халфот на Манчестер Сити Кевин де Брујн изјави дека неговиот идол е поранешниот напаѓач на Ливерпул и на Манчестер Јунајтед Мајкл Овен.

Кога бев тинејџер Мајкл Овен ми беше најомиленот играч. Тој засекогаш е мојот број 1. Освои многу трофеи, играше фантастично, постигнуваше одлични голови. Тој дури ја освои Златната топка“, објасни Белгиецот за „Сократес магазин“.

Де Брујн објасни зошто некогаш игра добро, а некогаш не.

Кога играте 60 или 70 натпревари годишно, тогаш не можете постојано да бидете на исто ниво. Тоа просто не е возможно. Има подеми и падови, затоа што не сме автомобили“, додаде Де Брујн.