Ненад Димитријевиќ ќе биде во составот на Хувентуд за утрешниот дуел против Тенерифе во рамките АЦБ-лигата.

Повредата со која македонскиот репрезентативец се здоби на претпоследниот тренинг пред квалификацискиот дуел со Естонија и поради која не отпатува за Русија е минато.

Нено се жалеше на болки во листот, па веднаш по првата средба во Скопје, тој го извести селекторот, Александар Тодоров дека нема да може да отпатува со тимот. Тој од истата причина не го доигра дуелот со Естонците.