Кинескиот пливач Сун Јанг, олимписки шампион на 200 метри слободен стил од Рио де Жанеиро е суспендиран на осум години, бидејќи беше позитивен на допинг тест.

Јанг има освоено три олимписки златни медали и еден сребрен медал во својата кариера. Судот за спортска арбитража (КАС) во петокот ја донесе оваа пресуда што значи дека Јанг нема да го брани злато на Олимпијадата во Токио.

Јанг има 29 години оваа година, што значи дека неговата кариера заврши. Пливачот е обвинет дека ги скршил епруветите во кои била неговата крв за време на ненајавена проверка во септември 2018 година, соопшти КАС. Јанг претходно беше суспендиран на три месеци, бидејќи беше позитивен на триметазидин во 2014 година.