Еден од најдобрите македонски каратисти, Емил Павлов се пласира во финалето на Карате 1 Премиер лигата во Салцбург во категоријата до 60 килограми. Во борбата за златото тој за противник ќе го има Анџело Кресченцо од Италија.

Во полуфиналната пресметка денеска, павлов со 2-1 славеше против Казахстанецот Дархан Асадилов. Финалната борба е закажана за в недела.

Во оваа категорија има Вахик Весели ќе има шанса преку репасажот да стигне до борба за бронзениот медал, бидејќи Анџело Кресченцо од Италија се поласира во финалето. Весели од Италијанецот загуби во третото коло.