Два натпревари од третото коло од разигрувањето за плеј-офот во најсилното машко одбојкарско првенство ќе се играат попладнево, еден меч во Скопје, Вардар – Лирија и вториот во Струмица, Џио Струмица и Весна Пробиштип. Двете средби ќе се играат зад затворени врати.

Одбојкарските клубови ќе ја испочитуваат препораката од Владата донесена на денешната седница спортските настани и натпревари да бидат без публика, како дел од мерките за превенција од коронавирусот.

Истото важи и за другите првенствени натпревари кои ќе се играат викендов како во машка, така и во женска конкуренција.