Коронавирусот на големо се шири во светот, спортските настани полека се одложуваат или се играат пред празни трибини. Тренерите, клубовите и челниците почнаа да превземаат најразлични мерки и да воведуваат правила.

Едно од нив донесе тренерот на Њукасл, Стив Брус. Со оглед на лесниот начин на ширење на коронаврусот најновата одлука на предводникот на англискиот тим може да се дефинира како оправдана иако и помалку е чудна.

„Имаме ритуал кога ќе дојдеме на тренинг да се ракуваме без разлика што се гледаме секој ден. Тоа правило веќе нема да го практичуваме. Имаме добар лекарски тим, кој не информира што да правиме. За секој случај ги воведуваме овие превентивни мерки“, рече Бурс.