Голем број претставници на тимовите во Формула 1, како и некои претставници на автодромите стравуваат дека сезоната во Ф1 шампионатот може да започне многу подоцна од планираното. Поради опасноста од ширење на коронавирусот во светот во ФИА сериозно размислуваат за прилагодување на календарот на трките за оваа година.

Претставникот на Виетнамското ГП истакна дека доколку ситуацијата се влоши, првата трка во историјата на Ф1 фазата во Ханој ќе мора да биде откажана.

„Ако во март ситуацијата се влоши, можеби ќе мора да ја откажеме трката. Не можам да кажам со апсолутна сигурност дека годинава ќе го добиеме првото Гран-при “, вели тој.

Покрај тоа, воведени се сериозни ограничувања во однос на воздушниот сообраќај во Бахреин, каде веќе се регистрирани неколку случаи на заболувањето.

„Коронавирусот има големо влијание. Ова важи и за Австралија и Бахреин. Австралиската влада веќе им забрани на своите граѓани да вршат трансфери во Сингапур и Хонг Конг, додека овие се важни транзитни пунктови. Вирусот може да предизвика големи проблеми за нашиот спорт“, рече Хелмут Марко, советник на Ред Бул Моторспорт.