Англиски Ливерпул има намера да го „позлати“ новиот договор за нивната голема sвезда Вирџил ван Дајк, само за да го оттргне од обидите на останатите европски гиганти кои го посакуваат во својот тим.

Холандскиот репрезентативец има договор со европскиот првак на уште три години, но Ливерпул сака неговиот договор да биде продолжен што е можно поскоро.

Откако тимот официјално го објави својот финансиски биланс на крајот на мај, лидерот во Премиерлигата ќе ги започне преговорите со Ван Дајк за нов договор. Репрезентативецот на лалињата се очекува да стане најскапиот фудбалер на „Енфилд“ и со тоа да го преземе приматот на Мохамед Салах.

28-годишникот би добил предлог за 5-годишен договор, што би значело дека може да остане во Ливерпул се додека не наврши 33 години.