Откако ја заврши соработката со кипарски Енозис оваа зима, нашиот дефанзивец Ристо Митревски кариерата ја продолжува во Ерменија.

Како што објавија од клубот, Митревски од денеска е ново засилување за екипата на Алашкерт. Митревски доаѓа во ерменскиот состав како засилување во дефанзивната линија. Нашиот фудбалер има големо интернационално искуство и ќе се обиде да им помогне на Алашкерт во битката за титулата.

Моментно Алашкерт е лидер со 30 бода, но и меч повеќе од екипите на Лори и Арарат.