Со засилен играчки кадар, со нескриени амбиции, и секако со името и брендот што го носи со себе, Пелистер е голем фаворит во пролетниот дел од Втората лига – запад прв да дојде до целта. Битолските „зелени“ тргнуваа т во пролетна офанзива како би го вратиле својот прволигашки имиџ, и тоа што побргу. Денеска во првиот меч од пролетната полусезона, во рамките на 15.коло, тие го дочекуваат Кораби, ете шанса за прва пролетна радост. Скопје, Влазерими и Лабуништа се екипите кои реално би можеле да го загрозат приматот на Пелистер. Сепак допрва ќе видиме кој со какво оружје располага, кој колку е силен.

Во секој случај и во Втората лига – запад не очекува интерена борба. За денеска од 14 часот се закажани четири меча од ова прво пролетно коло, утре пак се игра езерското дерби меѓу Лабуништа и Охрид.

 

ДВОЈКИ ЗА 15.КОЛО – ДЕНЕСКА 14 Ч

СКОПЈЕ – ВЛАЗЕРИМИ

ВАРДАР (Ф) – ДРИТА

КАДИНО – ГОСТИВАР

ПЕЛИСТЕР – КОРАБИ

УТРЕ, 14 Ч

ЛАБУНИШТА – ОХРИД

ТАБЕЛА

1.ПЕЛИСТЕР 27

2.СКОПЈЕ 25

3.ВЛАЗЕРИМИ 25

4.ЛАБУНИШТА 24

5.ДРИТА 20

6.ГОСТИВАР 19

7.ВАРДАР (Ф) 18

8.КОРАБИ 18

9.ОХРИД 11

10.КАДИНО 9