Шпанскиот ветеран Рафаел Надал и Американецот Тејлор Фриц се пласираа во финалето на АТП турнирот во Акапулко, Мексико. Надал експресно, со 2:0 (6:3, 6:2) го збриша најдобриот бугарски тенисер Димитров.

Понеизвесно беше на другиот меч помеѓу Фриц и Џон Изнер. Изнер поведе со 1:0 (6:2), следните два сета, а со тоа и мечот ги доби 22-годишниот Фриц (7:5 и 6:3).

Надал е огромен фаворит за трофејот во Мексико, а мечот со Фриц ќе го игра во недела наутро (4.00 часот).