Веќе на стартот на вториот дел од шампионатот ќе имаме можност да видиме две дербија – најстарото во Русија помеѓу градските ривали Динамо и Спартак (сабота, 14 часот) и ова во кое се соочуваат Зенит и Локомотива Москва и кое можеби нема таков емотивен набој, но без оглед на тоа ќе биде интересно.

Домаќинот е лидер и има убедливи десет поени повеќе во однос на најблискиот конкурент Краснодар, а пред своите навивачи игра фантастично (нема пораз дома). Меѓутоа, Локомотива има за што да се бори. Со бод помалку од второпласираната екипа, московјаните со Ростов и ЦСКА ја делат позицијата која води во квалификациите за Лигата на шампионите. Значи, сигурно ќе дадат се од себе за да изненадат, поради што ГГ воопшто не е нереална опција, ниту е реткост во нивните дуели.

РУСИЈА 1 – 20.коло

ЗЕНИТ – ЛОКОМОТИВА
Сабота, 17.00
Шифра: 4304

Наши предлози
КТ           1              1,60
ТГГ          ГГ            2,05
* Квотите подлeжат на промени

И едните, и другите есента играа во Лигата на шампионите, но разочараа бидејќи ги освоија последните места во своите групи. Локомотива еднакво лошо го заврши и првиот дел од сезоната (пораз од Динамо дома и катастрофа во Тула – 4:0), а тренерот Јури Сјомин оваа зима не можеше да купи некој нов играч затоа што управата му порача дека клубот моментално е во неповолна финансиска ситуација. Притоа, гостите имаат и проблеми со повреди, па така тука може да парираат само благодарение на мотивацијата. Всушност, ја добија екипата на Сергеј Семак во септември (1:0), но и јулскиот меч од Суперкупот на Русија (3:2).

Сепак, мислиме дека тоа нема да им биде доволно и ви препорачуваме да типувате на единица.