Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, заедно со генералниот секретар, Зоран Карановиќ денеска беа дел од собирот на Европската одбојкарска конфедерација во Виена, каде го одбележаа првото издание на „Ден повеќе за одбојка“.

Проектот на ЦЕВ, со кој 29 февруари и официјално стана ден повеќе за одбојка, во кој е вклучена и македонската Федерација.

ЦЕВ направи убава забава во Виена, а истовремено низ неколку градови во Европа се обележа премиерата на проектот, кој се очекува да прерасне во традиција.

На собирот присуствуваше и поранешниот македонски репрезентативец Вук Карановиќ, кој сега работи во ЦЕВ.