Филип Стојчевски, поранешниот играч за врска на Работнички, Македонија ЃП и на Вардар е нов член на грузискиот второлигаш Сиони од градот Болниси. 21-годишниот македонски младински репрезентативец дури даде гол во пријателски меч во победата на неговиот нов тим од 2:1.

Инаку грузиското првенство почнува во понеделник, а Сиони ќе игра на домашен терен против Шевардени.

Инаку Сиони е поранешен прволигаш и учесник во европските купови, дури и учествуваше во квалификациите за ЛШ во сезоната 2005/06.