Новак Ѓоковиќ го освои трофејот во Дубаи, откако во финалето славеше со 2-0 во сетови (6-3 и 6-4) против Стефанос Циципас.

По завршување на дуелот тој испрати порака до најголемите противници, Рафел Надал и Роџер Федерер.

„Сакам да останам непоразен цела сезона. Се шегувам, поточно не е се шегувам. Зошто да не. Имав добар старт оваа година, ќе се обидат да продолжам да победувам, да добијам што поголема самодоверба“, рече Новак кој ја минува 280. недела како број еден светски тенисер.

За дуелот против Циципас вели дека не било лесно…

„Ова беше одлична недела за мене која заврши со дуел против Циципас. Никогаш не е лесно да се игра против него. Тој е во одлична серија, беше тешко. Клучниот момент беше брејкот во првиот сет, резултатски победата не го говори колку беше неизвесно“, додаде Ѓоковиќ.