Интересно соседско дерби брј 70. Имаше од се по нешто, немаше само голови. И тоа благодарание на голманот на „романтичарите“ Ристе Јанков кој во 97. минута му одбрани пенал на Мицевски, со што му украде два големи и златни бода на Вардар во битката за титулата.

Работнички продолжува со добриот тренд пролетва, и на овој меч беше солиден со силниот Вардар, кој може да жали за пропуштеното.