Големото дерби помеѓу Црвена Звезда и Партизан заврши без голови, резултат што најмногу им одговара на црвено-белите кои се се поблиску до шампионската титула во српскиот шампионат. Вечерва на „Рајко Митиќ“ немаше голови, но мечот го одбележаа навивачите кои поради запалени факели неколку пати го прекинуваа натпреварот. Судијата во второто полувреме мораше да реагира откако видливоста беше намалена, прво навивачите на Партизан имаа свое пиротехничко шоу па 10-тина минути имаше прекин. Откако мечот продолжи и навивачите на Звезда почнаа со своето пиротехничко шоу па повторно имаше прекин. Па така се „цепкаше“ мечот но се дотера до крај и заврши со непопуларните 0:0.

Малку шанси имаше на двете страни, па не можеме да кажеме дека гледавме спектакуларен фудабал. Напаѓачот на Звезда Ричмонд Боачи се повреди во 32 минута и мораше да го напушти теренот.

Standings provided by Sofascore LiveScore