Челниците на Мото ГП потврдија дека првата стаза во сезоната 2020 година во Катар која требаше да се вози идната недела, е одложена поради коронавирусот.

Во изминатите неколку дена, има и заразени лица во Катар, земја која граничи со Иран каде што во моментов е жариште на инфекцијата. За да се избегнат несакани последици, челниците се решија на ваков чекор.

Сите патници кои ќе дојдат од Италија во Катар, мора да минат низ 14 дневен карантин. Со оглед дека во екипите на Мото ГП има и од таа област, тоа е невозможно да се изведе, и од тука беше донесена одлука за одложување на трката.