Бирхану Легесe e годинешниот победник на атлетскиот маратон во Токио. Легесе победи во досега најслаба конкуренција!

Поради страв од коронавирусот, Јапонците го ограничија бројот на натпреварувачи, па на улиците се појавија само ’елитните’ кандидати. Иако до почетокот на маратонот беа пријавени околу 38.000 маратонци, на улиците на јапонската престолнина се појавија само 200.

Олимписките игри треба да се одржат во Токио оваа година, со тоа што Јапонците истакнаа дека не постои страв од нивно откажување, бидејќи веќе започнале да се справуваат со можните проблеми.