Цедевита Олимпија е разочарана од раководството на регионалната АБА лига и планира да не го одигра дербито со Црвена Звезда во рамките на 20. Коло. Како што објави „Вечерњи Лист“, челниците на тимот од Љубљана се незадоволни што раководството на АБА лигата не одговори на жалбата која клубот ја достави по поразот на Морнар на домашен терен.

Тие го испратија писмото на осум места во АБА лигата откако не беа задоволни од судењето во дуелот со црногорскиот тим, бидејќи токму на овој дуел имаше необична ситуација, кога тренерот на црногорскиот тим Михајло Павичевиќ на тајм-аутот на своите кошаркари им рекол:

„Тие се во бонус, а ние го имаме судијата. Не одете на тројки, одете на влез, ќе добиеме слободни фрлања“ , им рекол Павичевиќ на кошаркарите на Морнар за време на тајм-аутот.

Весникот „Вечерњи лист“ пишува дека Цедевита Олимпија не размислува да замине во Белград поради нарушената доверба во лигата.