Се чини дека, по ремито на Вардар вчера со Работнички, некои работи би можеле да се променат во ПМФЛ. Пред се во однос во битката за титулата, од аспект на Шкендија. Пред денешниот дуел на тетовци со Македонија ЃП, шампионот е со -11 бодови од Вардар, но ако победи е тогаш разликата се намалува на -8 бодови. А познато е дека оваа пролет Вардар и Шкендија се среќаваат во два наврати.

Ете тоа е шансата за шампионот, но прво треба да се победи денешниот ривал. Да се освојат тие планирани три бода. Инаку мечот започнува во 14 часот, и како и сите останати во ПМФЛ овој викенд, и овој натпревар се игра пред празни трибини.

Тренерот Ернест Ѓока за овој натпревар нема да може да смета на суспендираниот Чешмеџиев, веројатно во „аут“ ќе бидат и повредените Радески и Мурати, но затоа во составот се враќа Ахмеди.