По препорака на Владата на нашата земја, а со одлука на Фудбалската федерација на Македонија, реванш мечевите од четвртфиналето од националниот куп на Македонија, кои се закажани за в среда (14 часот) ќе се играат без публика.

Со оглед на фактот што препораката од Владата на Р. Македонија е важечка до 6. март, тогаш ваквиот развој на настаните е логичен.

Веќе едно коло од домашниот шампионат се одигра под овие услови, а ќе видиме до кога ќе биде така.

Мечевите од Купот ќе се одиграат на повеќе локации. Ренова го пречекува тимот на Струга Трим Љум, откако на првиот меч се одигра без голови. Потоа, Лабуништа ќе проба да ја анулира предноста на Брегалница од 1:0 од првиот меч, а Академија Пандев ќе има веројатно најлесна задача затоа што првиот меч против Шкупи на гостински терен го доби со минимални 0:1.

Дербито се игра на Арената „Тодор Проески“, каде Работнички по стартните 0:0 во Тетово сега ќе бара гол за минување во следната фаза против тимот на Шкендија