Шампионските обврски носат убави, но и тешки денови. За Вардар допрва почнува пеколот оваа сезона.

Ракометарите на македонскиот тим влегуваат во пеколниот месец, можеби немаат премногу натпревари за играње, но затоа пак тежината на истите е голема.

Покрај осминафиналните дуели против Пик Сегед во рамките на Лигата на шампионите, каде токму Вардар е бранител на титулата, во месец март, „црвено-црните“ имаат уште една шампионска обврска.

Стартегот Стевче Алушовски и неговите момци ги чека четвртфиналната пресметка против Нексе во СЕХА-лига. На првата средба Вардар е гостин, дуелот се игра на 8 март, додека реваншот е закажан за 15. овој месец во Скопје. И во ова натпреварување, македонскиот првак е бранител на титулата, веќе со години доминира во СЕХА.

Вардарци немаат многу време за одмор, првиот дуел против Пик Сегед го играат од 18 до 22 март во Скопје, а реваншот е во периодот од 25 до 29 март во Сегед, Унгарија.

Победникот од овој двомеч ќе игра во четврт-финалето со победникот од осминафиналниот дуел меѓу Висла и Веспрем.

Бројните змаинувања во редовите на Вардар дополнително го отежнуваат патот до Ф4 завршницата во двете натпреварувања. Добра вест е што во тимот ќе дојде Борко Ристовски, кој треба да донесе стабилност на голот, како и Мишевски.