Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац месец и пол по завршување на Европското првенство открива дека тој и неговото семејство добивале бројни закани. Најтрагично е што иситите стигнувале на адресата на неговиот малолетен син.

Оваа шокантна информација ја откри во интервју за „g-sport,mk“. 

„Многу е тешко и комплицирано. Што се однесува до мене, иако никој не може да биде докрај, ајде да кажеме дека треба(ло) да сум подготвен со тоа што сум се нафатил да бидам селектор.
Ние сме спортско семејство, поинаку ги доживуваме и поразите и победите. Моите деца се малолетни, воспитани, одлични ученици, како нив да им ги објаснам сите оние уличарски коментари? Да не опишувам какви се коментари и закани не добивав.
Но, закани почна да добива и мојот малолетен син. Моравме и ние да се заканиме и со полиција, сериозно размислуваме и да пријавиме затоа што во еден момент се почувствуваме загрозени“, вели Брестовац.

Целото интервју може да го прочитате на следниот ЛИНК.