Групната фаза во Лигата на шампионите и официјално заврши, веќе се познати и осмифналните двојки во битката за место на фајнл-фор завршницата во Келн. Вардар е бранител на титулата, за да стигне напрво до четврт-финалето ќе мора да го мине Пик Сегед, тим на чија сметка лани си завери билет за „Ланксес Арена“, а потоа го подигна и вториот пехар.

Овој пат ќе биде поинаку, односно потешко. Составот на актуелниот првак е променет, во меѓувреме се случија одредени промени, дел заминаа, но дел и дојдоа.

Еден од главните играчи на Вардар е Тимур Дибиров. Рускиот репрезентативец е четвртти најдобар стрелец во ЛШ по завршување на групната фаза. Тимур има 69 погодоци.

Лидер е членот на Монпеље, Хуго Дескат кој има шест гола повеќе односно 75. Зад него се Пуковски од Мотор Запорожје и Екберг од Кил.