Авантурата на Роландо Маран како тренер на Каљари заврши. Единаесет натпревари без победа го чинеше стратегот губење на работата во клубот. После вчерашниот пораз од Рома, раководството на чело со претседателот Џулини донело одлука да го тргне Маран од тренерската клупа.

Додека не биде назначен постојан тренер, екипата ќе ја води Макс Канци, моментален тренер на младинскиот тим. А на списокот на потенцијални заменици се Андреа Страмачони, Чезаре Прандели и Франческо Гвидолин.