Екипата на КЛ7 доби репрезентативец во своите редови во битката за влез во Супер-лигата.

Дебитантот во Првата лига има одлична соработка со Металург, од каде доаѓа и новото име. Станува збор за Мартин Серафимов, кој ќе настапува со двојна регистрација во плеј-офот.

КЛ7 е на второто место на табелата во групата 2 во Прва лига во која остануваат уште две кола до крајот.